Обвинителството веќе не го гони Богоевски за „фарбањето“
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2018
Јавното обвинителство се откажало од гонење на сега пратеникот, а претходно учесник во „Шарената револуција“ Павле Богоевски кој учествуваше во фарбање на повеќе институции како и на Триумфалната порта заедно со останатите демонстранти.
Според адвокатството друштво „Давидовиќ и Јанковиќ“ се утврдило дека никој нема право без одобрение на Заводот за заштита на спомениците на културата да презема какви било дејствија врз заштитениот објект, а уште помалку да го вештачи.
Обвинителството се откажало од кривичен прогон на пратеникот Павле Богоевски од Шарената револуција, објави адвокатското друштво „Давидовиќ и Јанковиќ“.
Адвокатите велат дека единствена надлежна и лиценцирана институција за утврдување штета на вакви објекти е Заводот за конзервација. Тие, како што напишаа адвокатите, формирале комисија и утврдиле дека зградата на Министерството е без одобрение и проект бојадисана по нарачка на Министерството и нанесена е огромна штета која при отстранување на бојата може да им нанесе структурна штета на ѕидовите на зградата, и второ, бојата од шарената револуција се мие со вода и сапун.
„Штетата е 15.000 денари и најважно од сè, не може да се оштети веќе оштетена фасада“, вели адвокатското друштво.