21 Мај, 2024
0.0299

Обраќањето на Пендаровски во Собранието: Власта да ги прифати сугестиите на опозицијата за пописот

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот Стево Пендаровски го започна своето предновогодишно обраќање пред пратениците во Собранието со едноминутно молчење. Ваквиот гест беше во знак на почит и сочувство кон сите оние што ги загубија животите во борба со корона вирусот. Шефот на држават им се заблагодари на сите оние кои учествуваат во спаравувањето со ковид пандемијата.

Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и Левица го пречекаа Пендаровски во салата со транспаренти против актуелната власт, а потоа си заминаа. Пендаровски своето обраќање го продолжи само пред пратениците на владејачкото мнозинство. 

Нема потреба да има референдум со прашање дали би го замениле идентитетот, заради влез во ЕУ бидејќи исходот однапред се знае, рече претседателот Стево Пендаровски во предновогодишното обраќање пред пратениците во Собранието.

- И тогаш и денес сум убеден дека членството во ниту една меѓународна организација не е вредно ако од вас бараат да се обезличите. За таквиот предлог дури нема потреба да се распишува референдум – затоа што резултатот ќе биде однапред познат. Ние не преговаравме 25 години со Хеленската Република само за додавка во името, туку, пред сѐ, за меѓународна потврда од целиот свет, преку Организацијата на Обединети Нации, за тоа кои сме и што сме. На крајот, направивме компромис само затоа што и во грчкиот парламент и во Обединетите Нации беше ратификувано и потврдено дека ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик, рече Пендаровски.

Шефот на државата рече дека повеќе не треба претседателот на државата да организира лидерсски средби на претседатели на партии од власта и опозицијата, бидејќи тој политички инститиут се користи само кога не функционираат институциите.

- Во однос на лидерска средба, сакам да кажам дека иако минатата и оваа година, на барање на политичките партии, под мое раководство беа одржани повеќе такви средби, мојот став е дека таквиот вонинституционален формат на средби, во принцип, треба да го напуштаме, затоа што лидерските средби се, во суштина, замена за институциите кога тие немаат полн легалитет и легитимитет, што кај нас не е случај. А, во врска со свикување на посебна седница на парламентот, иако тоа е надлежност на овој дом, исто така не гледам потреба за такво нешто, затоа што ниту еден парламентарен политички субјект не го спори идентитетот на македонскиот народ и јазик. За мене е несериозно во 2020 година, да се соберат сите релевантни политички партии и политичари и свечено да потпишат дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик!?, тврди Пендаровски.

Тој ја повика власта да ги прифати сугестиите на опозицијата за Законот за попис кој се носи по скратена постапка, со цел статистичката национална операција да се изврши напролет.

- Во собраниска процедура е предлог–законот за попис околу кој подолг временски период наназад постојат дијаметрално спротивставени ставови затоа што кај нас, наспроти сите апели за разумен пристап, за жал, пописот не се перцепира како статистичка, туку, како класична политичка операција. Во оваа прилика сакам да апелирам до власта да ги вгради во текстот сите највисоки статистички стандарди на Еуростат и сите конструктивни предлози на опозицијата за да добиеме валидни резултати чија кредибилност нема никој да ја оспорува, рече тој.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази