Обложувалниците и кафе-баровите ќе работат до 18 часот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Март, 2020
Кафе-баровите, рестораните, обложувалниците и казината, кои до сега вообичаено работеа до полноќ, до 23 часот или 24 часа, од сега ќе работат само до 18 часот, на барање на министерот за здравство Венко Филипче.
Според Филипче, ваквата мерка е заради избегнување на собир на поголем број луѓе на исто место, каде шансите да се пренесе вирусот Ковид-19 е поголемо.
Министерот истовремено препорачува граѓаните кои ги посетуваат овие места да бидат на дистанца од 1,5 до 2 метри еден од друг.
До 18 часот, вели Филипче, изборот паѓа на граѓаните дали ќе ги посетуваат овие места.