Обама за последен пат ги почести дечињата за Халовин и заигра на „Трилер“
Објавено во: Свет 01 Ноември, 2016
Претседателот Обама со неговата сопруга Мишел за последен пат како домаќини ги пречекаа дечињата на кои им дадоа слатки и чололатца за празникот Ноќ на Вештерките или популарно наречен Халовин на кој тие се маскираат, но и треба некого да исплашат. По приемот Барак и Мишел заиграа и на песната „Трилер“ од Мајкл Џексон која стана симбол на хоророт со еден од најскапите спотови во историјата.