19 Мај, 2024
0.0357

Новоомаалци разочарани од соседите од Градски ѕид за изградбата на проектот кај „Холидеј Ин“

Објавено во: Македонија 17 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Жителите на Ново Маало велат дека се целосно разочарани од соседите од центарската населба Градски Sид кои поднеле иницијатива за стопирање на градбата кај Холидеј Ин. Новомаалци инсистираат да се гради проектот со висококатници во Општина Центар бидејќи со компензацијата очекуваат да се ослободат од супстандардните услови на живеење во овој дел од градот.

„Тие директно сакаат да не  спречат ние да го решиме нашиот долгогодишен проблем.
Крајно несовесно е тие од удобноста на своите домови, кои патем исто така се наоѓаат во високи кули, да покренуваат постапки со кои ние не можеме да си го реализираме нашето загарантирано право. Сакаме да ги потсетиме дека кога нивните кули се градеа пред 50 години, тие доаѓаа кај нас да им помагаме, земаа вода и добиваа поддршка на секој начин“, се вели во реакцијата.

Од таму додаваат дека и тие собираат потписи за петиција во понеделник ќе ја достават, како што велат, до сите надлежни институции.

„Овој нивни гест на себичност е за секоја осуда. Нивното право на ниеден начин не се нарушува, но нашето да. Тие на ниеден начин нема да бидат оштетени, но ние да. Бараме итно да се повлечат од таа иницијатива и да покажат хуманост и доблест.
Понатаму, сакаме да ја информираме јавноста, дека во моментов собираме потписи за петиција која во понеделник ќе ја доставиме до сите надлежни институции. Ние имаме права како и сите други граѓани, а повеќе од 50 години не можеме да ги оствариме. Ние имаме право на живот во нормални услови, токму како оние кои секој ден се бунат против нас. Оваа битка ќе ја продолжиме до крај и со сите можни средства“, пишува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража