Новоформиран пензионерски синдикат бара воведување минимална пензија
Објавено во: Економија 28 Јуни, 2018
Од новоформираниот пензионерски синдикат при Конфедерација на слободни синдикати сакаат активно да преговараат со надлежните за да издејствуваат минимална пензија во Македонија што поскоро.
Велат дека формирањето на пензионерски синдикати е нормална пракса во западноевропските држави со цел навреме да се обезбедат пристојни услови за живот на сегашните и идните пензионери, пренесува Алфа.
Најниската пензија во меѓувреме се зголеми за 105%, односно од 4.330 денари во 2006 година, скокна на 8.895 денари во декември 2016 година.