19 Мај, 2024
0.0275

Нов леб со домати и босилек од Жито Лукс

Објавено во: Мои пари 05 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Најголемиот производител на леб во земјава, Жито Лукс, ја прошири својата палета на производи со лансирањето во продажба на уште еден леб во медитеранското семејство – Медитерано со домати и босилек. Мешавината на ладно цедено маслиново масло, домати и босилек внесуваат ароматична нота за секој оброк и претставуваат вистинска летна и лесна закуска.

„Компанијата интензивно работи на развивање на нови вкусови и производи, како од традиционалните така и од специјалните лебови. Медитерано со домати и босилек е четвртиот вид од истоимената фамилија лебови инспирирана од една од најбогатите светски кујни што изобилува со разновидни вкусови и ароми. И овој леб во себе ја има основната состојка на медитеранската кујна, карактеристична за сите лебови од линијата, маслиновото масло кое покрај специфичниот вкус се одликува и со карактеристики корисни за човековото здравје“, изјави Лидија Трајковска, маркетинг менаџер во Жито Лукс.

zito luks 1

Медитерано лебот со домати босилек е достапен на парчиња во едноставно и практично пакување, што овозможува продолжена свежина до две недели без додаток на конзерванси, постигното со помош на иновативната технологија на пастеризација на леб. Производот не содржи вештачки и прехранбени бои, а обоеноста е резултат на природните состојки.

Новите лебови произлегуваат од анализата на пазарот и потребата од разновидноста во делот на понуда на леб. Затоа, преку лансирањето на новиот вкус на леб, компанијата Жито Лукс уште повеќе ја зголемува понудата на производи, ги задоволува барањата за нови вкусови на консументите и ги следи новите светските трендови во делот на иновативноста.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО