Нимиц оптимист дека по 27 години ќе има решение за името
Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2018
Meдијаторот на ОН во разговорите за името, Метју Нимиц изјави дека решение за спорот за името е на повидок со што ќе се стави крај на 27 годишниот спор меѓу Грција и Македонија.
„Имам големи надежи дека овој процес се движи во позитивна насока“- изјави вечерва во Њујорк Нимиц по разговорите со претставниците на двете земји, Васко Наумовски и Адемантиос Василакис.
Според Нимиц, решението ќе влијае позитивно на целиот регион.
Тој на Владите на двете земји ќе им достави предлози за името.