19 Мај, 2024
0.0283

Нестручни фирми прават покриви на згради за евтини пари

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Фирми регистрирани првенствено за друга намена се ангажираат од заедниците на сопственици и лиценцирани управители за поправка на дотраени кровови на зградите.

Се работи за фирми со сомнителна стручност на тоа поле и тоа не им е воопшто наведено како дејност во основните регистрирани активности.

- Од куќниот совет добив уплатница за 1.500 денари за поправка на прокиснатиот покрив. Се решив да испитам каква фирма е ангажирана и кога се јавив од таму ми рекоа дека се работи за претпријатие кое првенствено се бави со хигиена, додека поправка на покриви воопшто не ми споменаа. Кога ги запрашав за мојот конкретен случај, од таму ми рекоа дека тие за прв пат ќе работат на поправка на кров - вели Илина К. од скопската населба Буњаковец.

Никола Велковски, поранешен градски архитект на Скопје, по повод на неодамнешното паѓање на доградени покриви од зградите во Скопје по силниот ветер, го прашавме како да се спречат ваквите опасности кои ги загрозуваат и животите на граѓаните.

– И последното невреме во кое ветерот откорна покриви покажа дека тие се голема опасност. Најмногу од причина што во голем број на случаи тие се нестручно направени, без запазување на градежните стандарди. Куќните совети најчесто се водат со логиката таа доградба, која се прави да се спречи протечувањето на рамните покриви, да биде што поефтина оти во зградите тешко оди собирањето пари од станарите за вакви работи. Така, на крајот се ангажираат сомнитeлни фирми кои немаат лиценци за ваков вид градежни работи. Најчесто, тоа се групи граѓани кои како нерегистрирана фирма вршат вакви дограби. На крајот се добива некаков импрoвизиран покрив од неколку греди, летви и ламарини кој при силниот ветер се откорнува и паѓа надолу и може и да убие некого - вели Велковски за Скопско Ехо.

Така, често има случаи во кои се направени покривите а за кои никој не гарантира дека се сигурни.  Надлежните урбанистички органи би требало да ги проверат дали се изградени според стандардите. Вака, при секое невреме ни се случува паѓање на покриви.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?