29 Април, 2024
0.0303

НЕМА ДРУГ ДИРЕКТОР КОЈ ОДБИЛ ДА ПРИМИ „РАМКОВНО ВРАБОТЕНИ“ - Владата тврди дека со Агенцијата за планирање на просторот се работи само на технички усогласувања

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Ниту еден друг директор не одбил да распореди од „рамковно вработените“ граѓани во државната институција со која раководи, тврдат за Фактор од Владата, на нашето прашање дали сега разрешениот директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, не е единствениот кој одбил безрезервно да ги прифати вработените од К5 програмата.

Имено, како што пишуваа дел од медиумите, Агенцијата за просторно планирање, со која раководи директорката Андријана Андреева, а која функционира со буџет и практично е под капата на Министерството за животна средина, наводно, поради несоодветна образовна квалификација, не прифатила двајца администратори распоредени од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, предводено од првиот вицепремиер Артан Груби.

На нашето прашање до Владата дали е ова точно, од Владата тврдат дека нема одбивање за прием на вработени, туку само се работи за технички аспекти и усогласувања.

„Нема одбивање за прием на вработените. Се работи за технички аспекти и усогласувања на преземањето, за кои двете институции се во комуникација и координација“, се вели во одговорот од Владата.

Оттаму додаваат и дека Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, не е надлежно за именувања.

Фактор, за да ги провери овие информации, се обрати и до самата Агенција за планирање на просторот, односно до директорката Андријана Андреева. Односно, прашавме дали е точно дека таа одбила да прифати две лица од К5 програмата, заради несоодветна образовна квалификација, како што јавија одредени медиуми. Потоа, се интересиравме дали за овие две лица се врши притисок од Владата да бидат прифатени, но и дали дали директорката ќе подлегне на евентуални притисоци од Владата по секоја цена да бидат вработени тие две лица, или ќе опстои на својот став дека тие не се соодветни за институцијата со која раководи.

Оттаму, иако бараа писмени прашања и ветија одговори во текот на вчерашниот ден, не ги испратија до нашата редакција. Штом ги добиеме, во целост ќе ги објвиме.

Фактор ја праша Владата и дали има и други вакви директори кои одбиваат да ги прифатат вработените распоредени од К5 програмата.

„Нема случаи на одбивање на прием на вработени. Програмата се реализира според предвидената динамика“, потенцираат од Владата за Фактор.

Оттаму дообјаснуваат и дека досега, статусот на 807 вработени по К5 програмата е веќе трајно решен, додека за 503 други административци распределбата е во фаза на реализaција.

А, како што е познато, заради одбивање да се примат 32 од рамковно вработените, настрада поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

На досегашните две владини седници, Владата се уште немаше назначено негов наследник. Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба со корупција, во средата изјави дека нов директор на Државниот пазарен инспекторат ќе биде избран кога премиерот Зоран Заев ќе се врати од неколкудневната турнеја низ Европа. „Да се врати премиерот од европската турнеја и ќе се избере нов директор на следната седница“, рече Николовски.

Дел од коментарите во јавноста, пак, беа дека во ДПИ нема кој да ја потпише исплатата на платите за месец април.

Пауновски, неодамна за Фактор потврди дека чека да го види официјалното разрешување од функцијата прв човек на Пазарниот инспекторат, по што повторно ќе аплицира за старото работно место, во тетовската регионална дирекција на Управата за јацвни приходи. „Чекам решение за разрешување, за да можам да се пријавам на старото работно место во УЈП Регионална дирекција Тетово“, потврди кусо за Фактор Пауновски.  

Кога го разрешија Пауновски, од Владата во соопштение нмаведоа дека тоа е поради „непрофесионално однесување, согласно Кодексот за етичко однесување на владините членови“. По разрешувањето, Пауновски се огласи преку својот фејсбук профил, изразувајќи огромна благодарност до сите граѓани кои, како што рече, во неговата „пркос“ ги согледале неговите искрени намери и желба за силна, стручна и независна Европска институција.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски