НЕМА ДА БАРА ОДЛОЖУВАЊЕ- Кичеец денеска сам ќе оди во затвор за да ја одлежи казната
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2020
Зоран Милески-Кичеец, првиот осуден кој во случајот „Рекет” призна вина и доби затворска казна од три години, на прашање за ТВ 24, потврди дека денеска ќе се пријави во затвор.
Тој на прашањето дали можеби поднел барање за привремено да ја одложи казната, рече дека немало такво нешто.
„Ќе се јавам на издржување на казната, барање за одлагање не сум поднел“, рекол Кичеец.
Судија за извршување санкции одлучил дванаесети октомври, денеска, да биде неговиот термин за сам да се јави во затворското оделение во Шутка. Ова беше одлучено откако Апелација ја потврди неговата казна затвор.
Кичеец на првото рочиште за случајот „Рекет” во кој обивнети се и поранешната специјална обивинителка Катица јанева и Бојан Јованоски, доби три години затвор.