21 Мај, 2024
0.0334

НЕКОЛКУ ДУЌАНИ ОД ГТЦ СЕ ПРОДАВААТ ПРЕКУ БАНКИТЕ: Дали некогашното „свртилиште“ на Скопјани го губи „шмекот“?

Објавено во: Економија 10 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Домашните комерцијални банки нудат различен имот на продажба кој останал во нивна сопственост, најчесто поради ненаваремно исплаќање на рати за кредити. Од станови, куќи до дуќани, но и разни производствени погони. Изборот е голем, но се забележува оти банките на продажба нудат неколку имоти кои се во рамки на Градскиот трговски центар во Скопје.

Имено, „чешлањето“ на листите на банките за имотот кој го продаваат се забележува дека најмалку три банки во земајва имаат дуќани од ГТЦ кои се продаваат.

Притоа, Стопанска банка Битола, нуди дури три локации, поточно три дуќани од ГТЦ на продажба. Станува збор за дуќан со 362 метри квадратни, потоа за уште еден дуќан со квадратура од 211 метри, и трет дуќан од 241 метри квадратни. 


Деталите за оваа понуда може да ја видите на следниов линк.

Но, тука не завршува понудата на дуќани во ГТЦ кои може да ги купите. Напротив има уште два објекти кои ги пронајдовме во нашите банки и кои одат на продажба преку банките.

Еден таков објект е деловен просотр во ГТЦ, во центарот на Скопје, кој го продава НЛБ Банка. Вкупната површина на овој дуќан изнесува 198 метри квадартни, а неговата намена била продавница за електрична апарати, но моментално е прзаен. Деталите за овој простор исто така може да се прочитаат на веб странта на банката (линк).

Уште еден објект од ГТЦ се продава преку нашите комерцијални банки. Станува збор за деловен простор кој е значително помал, и опфаќа само 10 метри квадратни. Овој објект го продава Комерцијална банка, а деталите за него, и за другите објекти кои ги продаваат на следниов линк.

Продажбата на недвижнини преку комерцијалните банки не е новина, и недвижностите кои се продаваат обично не одат како „алва“. Познавачите велат дека тоа е имот кој потешко се продава, и некогаш се потребни години за објектите да добијат нови газди.

Од друга страна, Фактор редовно објавува детали за состојбата на ГТЦ, акционерско друштво во државна сопственост дури три години нижеше загуби во работењето. Фактор објави на крајот на месец мај дека лани имале загуба од 646 илјади евра.

Сепак, по неколкугодишните извештаи за големи загуби кои ги направи оваа компанија, бројките за првото полугодии се попозитивни, и покажуваат дека ГТЦ работи со профит.

Иако сопственоста на дуќаните не е поврзана со работењето на ГТЦ, односно дел од дуќаните во овој трговски центар се приватизирани, а дел се во сопственост на акционерското друштво кое управува со трговскиот и се изнајмуваат, сепак, празните дуќани, како и фактот дека дел од нив се продаваат преку банките, упатува на тоа дека некогашното свртилиште на Скопјани веќе не работи со „полн капацитет“.

Акционерското друштво склучува договори со соспствениците на деловен простор за уредување на односите и за користење и одржување на заедничките делови на ГТЦ.

Сепак, жалбите дека објектот не се одржува не престануваат. Скопјани се жалат дека некогашниот симбол на модерното живеење во главниот град го губи „сјајот“ и дека е потребно посериозен пристап кон овој наш симобл, со цел да се врати неговиот некогашен изглед, и да се зголемат посетителите, што би придонело за поголема рентабилност на дуќаните.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи