Некој го мести Ахмети со „бројачот“
Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2018
Од ДУИ ја демантираа веста дека нивниот лидер Али Ахмети е сликан во неговиот кабинет во Мала Речица покрај бројач за пари. Од партијата посочуваат дека сликата е направена при посета на приватна фирма и дека ова е обид на дел од опозициските медиуми да му наштетат на Ахмети.
Објавата на албанските портали следеше по усвојувањето на законот за употреба на јазиците и е обид да се наруши овој момент како што албанската заедница го доживува како историски за Македонија за што Ахмети има голема заслуга со учеството во владината коалиција.