20 Мај, 2024
0.0294

НЕ ОДИ ЛИ СПОРЕД ПЛАНОТ ИЛИ Е САМО АПЕЛ - владини функционери потсетуваат дека денеска е последен викенд без ДДВ

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Премиерот, но и вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, повикуваат да се искористи денешниот последен ден за викенд без ДДВ. 
Еве што напиша на својот фејсбук профил премиерот Заев.
Денеска е последниот ден од „Викенд без ДДВ“, искористете го за купување македонски производи или услуги, како и за компјутерска опрема.

Со скенирање на сметките преку апликацијата МојДДВ (во рок од 3 дена од издавањето на фискалната сметка), ќе ви биде вратен целосниот износ на пресметаниот ДДВ од македонски производи и услуги и од компјутерска опрема.

Да ја поддржиме домашната економија, да купуваме домашни производи.

Иста објава имаше и вицепремиерот Љупчо Николовски. 

Дали можеби викендот без ДДВ не ги даде очекуваните резултати, па врвните владини функционери решија да ги повикаат граѓаните да го искористат последниот ден.

Или, пак, станува збор само за потсетување до граѓаните да ја искористат оваа последна од четвртиот сет економски владини мерки за спас на економијата која е погодена од кризата од коронавирусот.

Некои од продавниците што продаваат македонски производи, главно облека и постелнини, на социјалните мрежи наголемо се рекламираат и ги повикуваат граѓаните да го искористат викендот без ДДВ, најавувајќи и дека нивните салони и денеска ќе бидат отворени, некои до 18 часот.

Владата очекуваше на викендот без ДДВ да се свртат 170 милиони евра, од кои 17 милиони евра би се вратиле назад кај граѓаните.

Дел од граѓаните се жалеа дека некои од продавниците каде што би пазареле, се затворени.

После првиот ден, од Управата за јавни приходи соопштија дека прометот со македонски производи е зголемен за три пати.

Колку бил успешен викендот без ДДВ, ќе се знае од утре, откако ќе се направат анализите.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража