Натпреварот Mакедонија - Германија со резултат 25:25
Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2018
Репрезентациите на Македонија и Германија на Европското првенство во ракомет во Хрватска го завршија натпреварот со резултaт 25:25.
Целиот меч беше неизвесен, а на почетокот во првото полувреме Македонија имаше и блага предност пред Германија.
Најефикасни во македонската репрезентација беа Кире Лазаров и Дејан Манасков со по 5 постигнати погодици.
Во следната фаза која што се игра во Вараждин, Македонија оди како првопласирана и пренесува три поени.