НАЈГОЛЕМ РАСТ ЗА 13 ГОДИНИ: Туризмот им „цвета“
Објавено во: Балкан 26 Август, 2017
Турција повторно е популарна меѓу туристите.
Во јули бројот на странски посетители пораснал за 50%.
Од Министерството за туризам велат дека имале 5.1 милиони туристи од други земји.
Ова е најголем раст за 13 години.
По обидот за државен удар бројот на туристи се намали.
Слабата лира привлекува гости посебно во услови кога конкурентските земји се скапи.
Се зголеми и бројот на Руси кои ја посетуваат земјата.