10 Мај, 2024
0.0268

Нафтата поскапе, но цените остануваат во тесни граници

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Цените на нафтата остануваат стабилни во вторникот, поддржани од напорите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) да го намали приносот. Зголемената продукција во други делови на пазарот сепак ги држи цените во тесни граници оваа година, наведува Ројтерс.

Американската лесна сурова нафта WTI поскапува со 0,51% до 53,20 долари за барел, а европскиот репер Брент бележи раст во цената од 0.58% до 55,91 долари за барел до 10:30 часот.

Претходната сесија и двата типа поевтинија со околу 2%.

ОПЕК и други водечки производители, вклучувајќи ја и Русија се согласија да го намалат производството за 1,8 милиони барели дневно во првото полугодие на 2017 година во обид да се справат со презаситеност на пазарот.

Овие напори сепак се соочуваат со зголемен принос во САД, каде забрзаната активност производителите на шкрилци го зголеми производството до 8,98 милиони барели дневно. Тоа е со 6,5% над нивото од средината на 2016 година и достигна највисоко ниво од април минатата година.

Иако учесниците во трансакцијата на ОПЕК применуваат околу 90% од договорените намалувања, сеуште има скептицизам за крајниот резултат, поради што падот во производството нема особено голем ефект врз цените.

„ABN“ пишува дека е намалена просечната прогноза за Брентот во првото полугодие на 2017 година од 55 до 50 долари за барел. Банката признава дека може да има и привремено фрустрирачки под 45 долари за барел.

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили