21 Мај, 2024
0.0324

МЗШВ: Ниту една институција во Крива Паланка нема да остане без дрва за огрев

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

За обвинувањата на актуелниот градоначалник на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, упатени кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од министерството известуваат дека МЗШВ нема ингеренции да дава наредби поврзани со снабдување со огревно дрво, ниту пак да влијае врз тендери за снабдување со огревно дрво.

„Тоа е надлежност на Јавното претпријатие Македонски шуми, а МЗШВ како институција која соработува со ЈП Македонски шуми, е во постојана комуникација со претпријатието. Во таа насока, Ве информираме дека ЈП Македонски шуми, навреме ќе обезбеди дрва за огрев за сите училиштата и другите институции во Крива Паланка, бидејќи подружницата на ЈП Македонски Шуми во Крива Паланка „Шумско Стопанство Осогово“, веќе има доставено документација за учество на јавен повик за снабдување со огревно дрво до општината Крива Паланка“ - додаваат од МЗШВ. 

Сите основни училишта во Крива Паланка, гимназијата, домот за ученици и Територијалната противпожарна единица од градот ќе останат без дрва за огрев поради несериозното и незаконско работење на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, обвини претходно Алексовски.

Тој кажа дека на три последователни тендери за набавка на огревно дрво кои општината ги распишала од 1 авуст до 15 септември годинава на ниту еден не се јавило Јавно претпријатие „Македонски шуми“, подрачно шумско стопанство, „Осогово“, Крива Паланка.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази