20 Мај, 2024
0.0302

Моември се одбележува по четврти пат во Македонија

Објавено во: Мои пари 01 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Депресија е главната тема за месецот на машко здравје Моември, кој ќе се одбележи по четврти пат во Македонија од стана на Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните ПРЕВЕНТУС Скопје. Кампањата ќе вклучува он-лајн активности и едукативни текстови, бесплатни прегледи за здравјето на косата, како и со забава поддржана од светскиот бренд DUREX.

„Со задоволство може да кажеме дека Превентус успеа да ги поттикне мажите да почнат повеќе да се грижат за своето здравје и да работат на зголемување на свеста преку пуштање мустаќи. Нашата цел е да вршиме едукација и да превенираме. Ајде сите заедно да го смениме ликот на машкото здравје“ изјави Ристо Гапиќ, извршен директор на ПРЕВЕНТУС.

Депресијата е актуелна тема на светско ниво, но кога се зборува за неа треба да се направи разграничување - дали станува збор за состојба или за болест, велат психолозите кои се вклучени во кампањата.

„Современиот маж во потрага по деловна реализација често се губи, т.е запоставува себе си. Останува и по 12 часа на работа со постојано чувство дека МОРА напорно да работи. Во такви услови многу често доаѓа до брн аут што резултира со повлекување и депресија. Во суштина се работи за долготрајно запоставување на личните потреби со целосна фокусираност на деловни активности. Тоа е најчеста причина за депресивност кај младите мажи“, вели Марија Стефанова, психолог-психотерапевт од психолошко советувалиште Петар Пан, Скопје.

Како еден причинител кој што може да предизвика депресија кај мажите е и опаѓањето на косата. Затоа клиниката 101 и годинава, по четврти пат, ќе врши бесплатни прегледи за мажите.

„Секојдневниот стрес кај мажите може директно да влијае на здравјето на нивната коса и склап. Се почесто имаме пациенти кои уште во нивните триесетти години имаат сериозни проблеми со косата. Навременото барање на стручен совет и помош е пресудно“ додаде д-р Елена Арсова, трихолог и медицински директор на „101 Clinic“.

Како крај на акцијата ќе биде организирана и Моември забава поддржана од светскиот бренд DUREX, на која се добредојдени сите МО Браќа и Сестри.

Епа мажи денеска избричете ја брадата и почнете да пуштате мустаќи,  време е за Моември!

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО