МНР: Туристка од Македонија турната при експлозијата во Истанбул
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2022
Од Министерството за надворешни работи и нашите претставништва во Турција нема информации за директно настрадани или повредени македонски државјани, освен тоа дека една туристка од Македонија е турната во паничното стампедо при експлозијата во Истанбул.
– Во меѓувреме една наша државјанка која се наоѓала во близина на инцидентот, пријави во нашиот Конзулат дека индиректно се стекнала со полесни повреди предизвикани од турканиците настанати при оддалечување на луѓето од местото на експлозијата. Информираме дека без поголеми повреди, таа е веќе вратена во земјата, информира МНР.
Министерството информира дека по експлозија во Истанбул, преку Генералниот конзулат во Истанбул и Амбасадата во Анкара, е во постојана комуникација и со надлежните органи на Турција и со заинтересираните граѓани од земјава. Оттаму додаваат дека нашите претставништва остануваат во контакт со институциите на Турција, како и со загрижени граѓани и економски субјекти кои организираат патувања во Истанбул.