19 Мај, 2024
0.0277

ММФ ги обнови стравувањата за „Grexit“

Објавено во: Балкан 12 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја врати во фокус можноста за излез на Грција од еврозоната (Grexit). Причината за овие проблеми е недостатокот на реформи - главно во пензискиот систем, и на олеснети услови за заеми на Атина.

Тоа го коментира на блогот на ММФ шефот на одделот „Европа“ во ММФ Пол Томсон.

Без промена во пензискиот систем Грција нема да може да постигне вишок од 3,5% од бруто домашниот производ до 2018 година, цел на која се согласи во третата спасувачка програма нашиот јужен сосед.

Томсон е категоричен дека намалувањето на пензиите е неизбежно и покрај барањата на премиерот Алексис Ципрас, дека тоа е „црвена линија“, од која грчката влада нема да попушти.

„Зошто фокусот е на пензиската реформа?“, пишува уште Томсон, кој во моментов е задолжен за програмите на Грција и Португалија, на блогот на Фондот. Тој наведува дека во номинален однос пензиите во Грција и во Германија се речиси идентични. Во исто време платите на Германците се речиси два пати повисоки од грчките.

Тоа значи дека за да биде покриен дефицитот во пензискиот систем, на Грција ќе и требаат многу повеќе средства отколку просекот во ЕУ - 10% од БДП, додека просекот на ЕУ е 2,5%. „Очигледно ова е неодржливо развој“, посочува уште експертот.

Многу од трошоците со кои кабинетот сака да го замени намалувањето на пензиите, веќе е „намалено до коска“ и обидите во таа насока ќе имаат многу ограничен ефект. Во исто време Томсон не поддржува и идеи за зголемување на даноците, за да бидат задржани социјални плаќања и големината на пензиите во земјата.

Плановите за пензиски реформи, иако и без намалување на пензии, предизвикаа сериозни протести во Грција. Едни од најактивните се фармерите, за кои освен зголемено осигурување Владата подготвува и зголемување на даноците.

Земјата денес е парализирана поради блокади на патиштата, а се планираат и масовни протести во Атина. Околу три илјади фармери од Крит пристигнале со бродови на пристаништето Пиреа, за да се вклучат во планираните протести во грчката престолнина.

„Катимерини“ веќе соопшти за ескалација на тензиите пред Министерството за земјоделство во Атина - земјоделците фрлале домати и камења врз зградата, а полицијата одговори со солзавец.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс