26 Април, 2024
0.0277

МИНИСТРИ, ШТО ПРАВЕВТЕ ВО ЈАНУАРИ - дури седум ресори со нула отсто капитални инвестиции

Објавено во: Економија 27 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Алатката на Министерството за финансии преку која се гледа кој буџетски корисник колку капитални инвестиции реализирал во текот на секој месец, се покажа како многу корисен и интересен извор на информации.

А таа ни помогна да дознаеме дека во јануари годинава, дури осум министерства не успеале да потрошат воопшто пари од доделените капитални инвестиции. Или, имаат реализација од точно нула отсто од капиталните расходи.

Во таа неславна категорија влегуваат министерствата - за правда, за надворешни работи, за финансии, за економија, за животна средина, за локална самоуправа и за култура. 

А ништо особено подобри не се уште четири министерства, и тоа она за земјоделство чија реализација е 0,02 отсто, потоа министерството за труд и социјална политика со 0,03 отсто, ресорот за одбрана со 0,06 отсто, како и Министерството за транспорт и врски, чие остварување на капиталните расходи во јануари изнесува 0,3 проценти. 

Во принцип, за да се смета дека реализацијата на било која буџетска ставка е успешна, вклучително и на капиталните инвестиции, остварувањето треба да изнесува околу 8,33 проценти. 

Ако некој од владините ресори го обелел образот, тоа е ставката Функции на државата која се води под ресорот за финансии, каде реализацијата е 9,38 отсто.

Не биле лоши ниту Министерството за здравство, каде реализацијата е 4,03 отсто, како и Министерството за информатичко општетство и администрација, со 4,01 процнти. 

МВР потрошиле исто слабо, 1,77 процент, а ресорот за образование и наука уште помалку - 1,29 отсто.

Самата Влада има реализација од 1,67 отсто, а нејзината Служба за општи и заеднички работи 3,8 отсто. Кабинетот на шефот на државата за капитални инвестиции потрошил 2,56 отсто, а Агенцијата за разузнавање 1,1 процент. 

Инаку, вкупно сите буџетски корисници имаат во просек реализација на капиталните инвестиции од 1,67 проценти во јануари, што се смета како сосема лош почеток на годината. 

И многу други буџетски корисници, како што се гледа од алатката на Финансии, имаат или нула или нешто околу нулата реализација на капиталните инвестиции, па затоа дури и овој слаб просек е изваден благодарение на само неколку институции. Тука влегуваат Државната комисија за одлучување во Управна постапка, со 57,44 отсто, како и Државниот инспектрат за градежништво, со 47 отсто, што значи дека во овие институции има одлична, па дури и преголема реализација. Потоа, добар е и Уставниот суд каде реализацијата е околу 24 отсто, Дирекцијата за заштита на лични податоци со 12 отсто, Дирекцијата за заштита и спасување со 5,38 отсто, како и Царината со 5,2 отсто. 

НЕМАЊЕ СТРУЧЕН КАДАР ИЛИ ПРЕФРЛАЊЕ НА ТОПКАТА

Експертите велат дека слобото трошење за инфраструктура е долгогодишен проблем, кој очигледно ќе се повторува и оваа година, бидејќи не е променет ни моделот на планирање и реализација. 

„Реализацијата на капиталните инвестиции во јануари 2020 не е многу поразлична од таа во јануари 2019 година, што значи дека во услови на непроменет модел на планирање и извршување на капиталните инвестиции, јануарската бројка е главно детерминирана од зимата и бројните празници. Оттука, се чини дека и во 2020 ќе дискутираме за истите проблеми на подреализација, кои може да се надминат само со промена на моделот кон среднорочно планирање, точна идентификација на тесните грла при извршувањето, во смисла дали е тоа поради немање доволно стручен кадар при министерствата и агенциите, дали е поради општа неефикасност во извршувањето на различните фази, префрлање на ‚топката' меѓу институциите и слично“, вели за Фактор Марјан Петрески, универзитетски професор. 

Тој смета дека проблемот може да се реши само ако посериозно се истражи што ги кочи капиталните инвестиции.

„Лично веќе не верувам и дека Владата може да излезе со некој систематизиран приказ на сите овие проблеми, без да се направи подлабинска сондажа, за што експертската јавност алармира неколку години наназад“, објаснува Петрески.

Инаку, ако се гледа во апсолутна сума, во јануари се реализирани само 6,5 милиони евра инвестиции во инфраструктура, како што се патишта, железници, пруга, гасификација, енергетски објекти, водоводи, канализации и слично. 

А за оваа година за капитални инвестиции со Буџетот се вкупно предвидени 386,5 милиони евра, што е помалку од првичната проекција за минатата година. Кога ја презентираше државната каса, министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека капиталните инвестиции за годинава ќе бидат планирани на реална основа, со цел да бидат и реализирани.  

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија