10 Мај, 2024
0.0273

Минималната плата во ЕУ расте, борејќи се со социјалната нееднаквост

Објавено во: Економија 10 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Минималната плата во земјите од Европската унија, во кои таа постои, расте во последниве години, бележи извештајот на европската агенција !Eurofound„.

Проучувањето е во врска со коментарот на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кој рече дека секоја земја во ЕУ треба да воведе минимална плата, која е значаен инструмент во борбата против социјалната нееднаквост.

Од податоците на институцијата е видливо дека всушност само во шест земји од заедницата - Австрија, Италија, Кипар, Данска и Финска, нема дефинитивно минимален надомест за вработените. Во повеќето од овие земји сепак минимална плата на практика постои - преку договореното плаќање во колективните договори по сектори.

Со години синдикалните организации во ЕУ зборуваат за воведување на единствена европска минимална плата. Но износот на минималната плата во моментов се движи во многу широки граници - од 235 евра во Бугарија и 322 евра во Романија, до 1 999 евра во Луксембург, или 8,5 пати над нивото во Бугарија.

Извештајот покажува дека минималната плата е околу 1 500 евра во Франција и Белгија, а во Германија и Велика Британија се пресметува на час - по малку под 9 евра.

Западнатиот Југ во криза не може да си дозволи толку високо плати, но сепак минималната плата е повисока отколку во "новите членки" од Источна Европа. Во Грција на пример минималната плата е 586 евра, во Португалија е 557 евра, а во Шпанија - речиси 708 евра.

Во секоја од земјите, со исклучок на Грција, има раст на минималната плата во однос на 2016 година. Најмногу забележително е зголемувањето во Романија - 38%. За последните седум години Романија ја одбележува и најголемиот раст на минималната плата - со 142%, а во Бугарија зголемувањето е од 92%, станува јасно од статистиката. Во реални услови, односно ако се земе предвид инфлацијата, најголем раст на минималната плата има во Бугарија (83%) и Романија (79%) за периодот од 2010 година до 2017 година.

На спротивен пол е Грција. Нашиот јужен сосед е единствената држава во ЕУ, каде минималната плата се намалува од 2010 година - 20%. Во реални услови падот е малку над 24%.

Германија, пак воведе минималната стапка на исплата за прв пат во 2015 година.

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили