Мијалков „трет“ пат се разболе од Ковид-19
Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2022
Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, денеска не присуствуваше на рочиштето за случајот „Плацеви на Водно“ откако неговата одбрана пријави дека бил позитивен на Ковид-19.
На 14 октомври 2020 објавено беше дека е позитивен за рочиштето во случајот „Таргет Тврдина“, а во меѓувреме на крајот од февруари 2021 рече дека не сакал да бега од земјата, туку дека бил во изолација од здравствени причини.
Судијата Илија Трпков бил известен дека позитивни на Ковид-19 се и неколку адвокати на обвинетите.