ДИК направи проекција на мандати во Собранието по 84 отсто преброени гласови: ВМРО-ДПМНЕ со 59 пратеници?
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2024
Државната изборна комисија ги објави и мандатите што се очекува да ги имаат партиите и коалициите во идниот парламентарен состав.
Врз основа на досегашното пребројување на гласовите, ВМРО-ДПМНЕ е првата партија со 42,75 отсто која се очекува да има 59 мандати во Собранието.
Втора се очекува да биде коалицијата Европски фронт со 14,42 отсто од гласовите, која се очекува да има 19 места во Собранието.
Зад неа е коалицијата ВЛЕН со 11,38 отсто и се очекува да има 13 пратенички места во Собранието.
СДСМ, досега има 14,67 отсто и се очекува да има 18 пратенички места во Собранието.
Нагласуваме дека ова се први резултати и може да се променат до објавување на конечните резултати.