19 Мај, 2024
0.0277

Мицкоски: Можното формирање на нови партии е нарачка на Заев

Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во вестите на Алфа ТВ тврди дека новите десничарски партии кои би се формирале а во нив би фигурирале личности како Митко Јанчев, Никола Тодоров и Петар Богојески се по нарачка на СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Во ексклузивно интервју за Фактор, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска вели дека не сака да го погази или да го збуни членството, но смета дека ако партијата не се вразуми и не ја смени политиката и реториката, се остава простор да се формира нова партија, во која и тој би учествувал.

„ВМРО-ДПМНЕ е обединета. Последните резултати од претседателските избори тоа го покажуваат, но истовремено легитимна е желбата на власта, на СДСМ и на Зоран Заев да прават еден вид проблеми во рамките на опозицијата и тоа е една легитимна постапка. Така што сетоа она што би значео атомизирање и тоа било какво па дури и во рамките на некои незначителни процеси во случајов му одговара само на СДСМ и ЗОран Заев. 

Јас сите оние што сакаат да ги презентираат своите мислења ги повикувам, тоа често пати го правам на настаните и на моите јавни говори да дојдат, да разговараме, да ги слушнеме аргументите, но да бидат подготвени да ги слушнат и нашите аргументи. Да сумирам, атомизирање на процеси во рамките на ВМРО-ДПМНЕ во овој случај му одговара само на СДСМ и Зоран Заев, а тоа е легитимна битка и за тоа, претпоставувам, му се потребни определени луѓе за таа нарачка“, рече Мицкоски од Ресен.

Дополни дека наскоро ќе го прошири тимот од 16 стратешки соработници кои ги именува вчера а меѓу нив се најдоа Гордана Силјановска Давкова, Сашко Кедев, Игор Дурловски, Борко Ристовски и Александар Климовски.

„Тимот од 16 стратешки соработници ќе се проширува во периодот што ќе следува. Ова се врвни професионалци а она што не поврзува со тие родољуби е патриотизмот и желбата да се приклучат кон „Обновата за Македонија“. Тоа се врвни личности со голема желба, со голема мотивација, со голема посветеност прифатија да бидат мои советници.

Директно ќе бидат вклучени во изработката на визијата, стратегијата, плановите, новите политики на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а во иднина тоа ќе биде преточено во политики на идната Влада која ќе ја формираме“, наведе Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична