Меркел стравува дека може да се манипулира со гласови
Објавено во: Свет 29 Ноември, 2016
Најголемиот ривал на канцеларката, Ангела Меркел на изборите во Германија догодина може да не се лидерите на конкурентните партии, туку т.н. „социјални ботови" - софтвер програмиран да влијае на мислењето во социјалните медиуми, пишува Ројтерс.
Во своето прво обраќање пред парламентот, откако на 19 ноември ги објави плановите да се кандидира за четврти мандат како канцелар, Меркел повика на дебата за тоа како лажните вести и ботови можат да манипулираат со јавното мислење.
Улогата што социјалните мрежи Facebook и Тwitter ја играат во ширењето на лажни и злонамерни информации, излезе на преден план во програмата на Меркел по шокантната победа на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
Социјалните ботови се софтверски програми кои го имитираат човечкото однесување на социјалните медиуми, сајтови, на пример преку објавување на пораки. Тие можат да се искористат за ширење на погрешни информации и конфузија на дискусиите. Некои критичари велат дека ширењето на лажни вести помогнало да се свртат работите во корист на Трамп на американските избори.