26 Април, 2024
0.0263

Меркел од Загреб: Интензивно разговараме со Франција за процесот на проширување

Објавено во: Балкан 21 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка изјави во Загреб дека ќе одржи разговори со Франција за создавање услови за започнување преговори со Албанија и Северна Македонија.

Германската канцеларка Ангела Меркел бара консензус со Франција за реформите во проширувањето на ЕУ што е можно поскоро. Таа го изјави ова во средата во Загреб, по состанокот со нејзиниот хрватски колега, Андреј Пленковиќ. 

„Ние ги поддржуваме плановите на хрватската влада да организира заедничка конференција со Западен Балкан во целосен формат на Европската унија. И ќе биде важно за нас да се создадат услови за почеток на преговори со Албанија и Северна Македонија. "

За новиот предлог на француската влада за реформа на процесот на проширување, канцеларката рече:

"Сега мора да разговараме со Франција и треба да го сториме тоа многу интензивно, да ги идентификуваме елементите што треба да се подобрат, да се менуваат, во процесот на проширување. Ние сме подготвени да разговараме, иако денес имаме многу можности за флексибилност “,

Меркел понатаму рече дека реформите во проширувањето „треба да им овозможат на земјите од Западен Балкан вистинска перспектива за членство“. Таа предупреди дека реформата не треба да резултира во повлекување на ЕУ од своите ветувања.

Хрватска ќе го превземе ротирачкото претседателство на ЕУ во првата половина на следната година, а Германија во втората половина. Минатиот месец Франција, Холандија и Данска го блокираа започнувањето на преговорите за пристап со Северна Македонија и Албанија, сметајќи дека Унијата најпрво треба да ја реформира својата методологија за проширување.

Меркел истакна дека обединувањето на Европа мора да продолжи со другите земји од Западен Балкан.

„Ние сакаме да им кажеме на земјите од Западен Балкан, имате иднина, имате можност за членство во ЕУ, тиа треба да се слушне од Загреб“, додаде Меркел.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ посочи дека новите правила за проширување на ЕУ предложени од Франција се непотребни, бидејќи „филтрите“ за земјите кандидати веќе се содржани во постојниот механизам.



Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице