Меркел: Исламистичкиот тероризам е најголемата закана за Германија
Објавено во: Свет 31 Декември, 2016
Исламистичкиот тероризам е најголемиот предизвик со кој се соочува Германија. Ова го изјави канцеларката, Ангела Меркел во новогодишното обраќање до нацијата, пренесува BBC.
По повод нападот во Берлин, спроведено од барател на азил Тунижанец, Меркел изјави дека е „одвратно", кога терористичките акти се вршат од страна на луѓе кои побарале заштита.
Таа истакна дека 2016 година била година на „сериозни искушенија", но според неа Германија може да ги надмине.
„Кога продолжуваме со нашиот живот и нашата работа, ние велиме на терористите: Вие сте убијци, исполнети со омраза, но вие не дефинирате како живееме и како сакаме да живее. Ние сме слободни, внимателни и отворени“ - додаде Меркел.
Последниот напад се случи на Новогодишен базар во Берлин, каде беа убиени 12 луѓе.