26 Април, 2024
0.2241

Меган и Хари се борат да го стопираат емитувањето на документарниот филм: Не сакаат светот да слушне што кажале

Објавено во: Свет 01 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Покајание, „пеглање“ работи, придобивки... Меган Маркл и принцот Хари сакаат да го променат документарецот што го снимија во соработка со Нетфликс и да го одложат неговото емитување.

Принцот Хари и Меган Маркл преземаат драматичен пресврт во нивните претстојни проекти по смртта на кралицата Елизабета Втора, изјавија повеќе извори за Page Six.

Војводата и војвотката од Сасекс повеќе од една година работат на документарен филм како дел од милионскиот договор со Нетфликс. Шефовите на продукциската куќа, кои сè уште не го објавија официјално проектот со нив, се надеваа дека ќе го емитуваат документарецот во декември по петтата сезона на „Круната“. Славниот пар сега сака да направи повеќе промени и потенцијално да го одложи објавувањето до 2023 година.

И мемоарите на принцот Хари се одложени за следната година, иако требаше да бидат објавени за два месеци.

Голем број луѓе запознаени со односите во британскиот двор рекоа дека таткото на Хари, кралот Чарлс III, ќе го одложи доделувањето на титулите принц и принцеза на внуците Арчи (3) и Лилибет (1) се до објавувњето на различните медиумски проекти на неговиот помлад син и снаа.

Меган и Хари беа вклучени во уредувањето на книгата и документарецот, а изворите сега велат дека парот сака да се повлече или да го намали тонот на она што го кажале за кралот Чарлс, кралицата Камила, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, пишува „Б92“.

„Има многу преговори. Слушам дека Хари и Меган сакаат документарецот да се одложи за следната година, тие сакаат да се откажат“, рекол изворот.

Висок претставник на Нетфликс рече: „Нетфликс сакаше шоуто да биде подготвено за емитување во декември. Има голем притисок врз извршниот директор Тед Сарандос, кој е во врска со Хари и Меган, да го заврши ова шоу“.

Врската меѓу Меган, Хари и судот е повеќе од комплицирана. Почитта кон кралицата секако одигра важна улога во нивната одлука, како и спречувањето на нови скандали веднаш откако семејната ситуација донекаде се подобри. Има и титули, а тие веројатно веќе не сакаат да бидат главни иницијатори за афери, дури ни во јавноста.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек