19 Мај, 2024
0.0367

Маричиќ откако Стразбур започна постапка за помилуваните од Иванов: Подготвуваме квалитетна стратегија

Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Бојан Маричиќ, министерот за правда, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека државата подготвува, како што вели тој, квалитетна стратегија, откако Судот за човекови права побара од Владата да му одговори во врска со две групи апликации поднесени против предметите на поранешното СЈО.

Повеќемина поранешни функционери во Стразбур побараа да паднат судските предмети во кои се или допрва ќе бидат осудени, повикувајќи се на аболицијата на експретседателот Ѓорге Иванов во 2016 година.

- Владата останува на својата доследна борба за владеење на правото. Се уште сме во една рана и почетна фаза на постапката, а република Северна Македонија е странка во постапката и треба соодветно да се однесува. Не би ги изнесувал детално аргументите, ниту стратегијата на нашата позиција пред судот, рече Маричиќ.

Тој најгласи дека во оваа фаза на државата и се остава простор од неколку недели за спогодба и дека се уште во нашите институции се разгледуваат апликлациите на обвинетите и осудените кои бараат обештетување.

- Интензивно се подготвуваме и работиме и не би давал конкретни податоци што и како ќе се случува. Ќе направиме квалитетна стратегија во одбрана во владеењето на правото и правната држава, додаде Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела