22 Мај, 2024
0.0284

Максим Димитриевски: Таблите не треба да се менуваат

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово, е против менувањето и отстранувањето на таблите кое се прави во духот на Договорот за добрососедство со Бугарија. Премиерот Зоран Заев неодамна во интервјуто за БГНЕС рече дека веќе се сменети повеќе од 20 табли во Македонија, на кои што пишувало „бугарски фашистички окупатор“.

„Јас никогаш не сум бил човек кој влегувал во антиката (бришењето на сонцето од вергина). Нема да добието ништо со бришење на историјата. Општо неприфатливо е тргање на таблите каде стои дека Бугарија била окупатор. Не сакам да сум југоносталгичен, но секако бевме прогресивна држава на Балканот (Југославија). Се што е запишано, не може да се избрише. Сите оние навредливи делови во учебниците треба да се ревидираат, но да се внимава да не се избега од фактите, да не се искривува вистината“ - рече утринава градоначалникот на Куманово во Студио 10 на ТВ24.

Димитриевски смета дека рејтинзите на владеачките партии во Бугарија предизборно по однос на Македонија растат. и вели дека не се согласува со ставовите на Заев дека „Бугарија била администратор, а не окупатор“.

„Ние да не дозволиме да си го погазиме сопственото битие. Мора и треба да влеземе во ЕУ само како Македонци. Никој не може да го поништи нашиот корен, ако не го сториме тоа ние самите. Тие бараат, но дефакто тоа што го бараат е нереално. Нашите предци се залагале да создадат дрѓава. Македонскиот народ не постои од 1944, сме постоеле, постоиме и ќе постоиме. Не се согласувам со ставовите на премиерот за БГНЕС. Бугарија не била администратор, туку окупатор во Македонија, македонскиот и бугарскиот јазик не се исти. Заев има специфичен начин за обраќање кон јавноста. Ние сме независен народ кој се борел за сопствена држава“ - додаде тој.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази