МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Партиското раководство ќе ги разгледа сите опции и можности за евентуално партиципирање во власта
Објавено во: Македонија 09 Мај, 2024
Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски синоќа изјави дека дополнително ќе ги разгледаат опциите, но ќе бидат на располагање на која било идна власт кога се работи за државни национални интереси. Тој е со став дека со ДУИ нема да коалицираат додека партијата не претпри реформи.
Димитриевски кажа дека нивните црвени линии се дефинирани во предизборната програма и строго ќе се држат до нив.
За тоа дали ќе остане градоначалник на Куманово или размислува за трансфер во Владата, Димитриевски одговори дека нема никакви размислувања, но ќе остане доследен на ветувањата на кумановци. Тој кажа дека ЗНАМ испиша историја.
фото Фејсбук/Максим Димитриевски