19 Мај, 2024
0.0292

Македонско-косовската граница ќе се минува со биометриски лични карти

Објавено во: Балкан 08 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Граѓаните на Македонија и Косово наскоро ќе можат да ја поминуваат државната граница со биометриски лични карти за краток престој во соседната држава.

Ова беше договорено на денешната средба во Приштина меѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски и вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи на која беа потпишани договори за преминување на границата со биометриски лични карти и за отворање на новиот граничен премин за меѓународен патен сообраќај Белановце-Станчиќ.

- На средбата водевме отворени пријателски разговори за повеќе теми кои се значајни за нашите граѓани во делот на економијата, образованието, науката, културата, безбедноста и инфраструктурата. Наш стратешки интерес е да имаме стабилен и просперитетен сосед во Република Косово и токму во таа насока ги потпишавме и двата денешни договора - Билатералната спогодба за условите за патување на државјаните на двете земји и Протоколот за начинот на изградба и за отворање на новиот заеднички граничен премин, рече министерот Попоски на прес-конференцијата во Приштина.

Тој нагласи дека на средбата станало збор и за реализација на заедничките инфраструктурни проекти и за можноста за тоа да се добијат средства од Европската унија и меѓународните финансиски институции.

- Значајно е соработката да ја развиваме и во рамки на Европската унија. За нас е од стратешки интерес сите наши соседи да бидат стабилни и просперитетни и да можеме сета соработка која досега ја имаме да ја унапредуваме, рече Попоски.

Косовскиот вицепремиер Тачи нагласи дека Косово и Македонија имаат одлични односи и додаде дека Македонија е значаен стратешки, политички, економски, дипломатски и безбедносен партнер на Косово.

- Денеска е нов момент за нашите народи. Потпишавме важни договори за граѓаните на Косово и Македонија. Ќе работиме на брза имплементација на двата договора, рече Тачи и се заблагодари за македонската поддршка на Косово во меѓународните институции, а особено во УНЕСКО.

Посочи дека одличната соработка меѓу двете земји придонесува за мирот и стабилноста на регионот и додаде дека Косово ќе се заложи успешно да ја заврши изградбата на автопатот од Приштина до македонската граница.

Соработката со соседните земји, мирот и стабилноста во регионот и интеграцијата во ЕУ и НАТО, се заеднички приоритети на Македонија и на Косово, истакна Хашим Тачи.

- Интерес на Косово и на целиот регион е Македонија што поскоро да стане дел од НАТО, а целиот регион да продолжи да се движи кон интеграција во ЕУ, рече Тачи.

Повтори дека Приштина го поддржува целосното спроведување на Охридскиот рамковен договор. Најави дека Приштина и Скопје ќе ја продлабочат соработката и во борбата против екстремизмот и радикализмот, како и во справувањето со актуелната мигрантска криза.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс