МАКЕДОНИЈА СО НЕГАТИВНИ РЕКОРДИ: Ние сме втора најзагадена земја во Европа
Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2018
По загаденост во Европа, Македонија го држи второто место, и се ноаѓа веднаш зад Босна и Херцеговина.
Од БиХ најзагаден град е Тузла, а во Македонија се Скопје, Тетово и Битола.
Најзагадени држави во Европа според присутните штетни честички во воздухот во урбаните средини се БиХ (55,1), Македонија (42,7), Бугарија (30,3), Полска (25,4), Црна Гора (24,3), Унгарија (22,7), Србија (21,4),
Брисел планира да ги заостри казните за земјите од ЕУ кои годинава нема да се потрудат да го решат проблемот со загадувањето со тоа што ќе спроведат законски мерки и да ги применат стандардите.
Некои од нив може да бидат изведени и пред Европскиот суд за правдата и да бидат казнети, како што беше случајот со Бугарија минатата година.
Според извештајот на Светската здравствена организација, во ЕУ лани најзагадени биле дури четири града во Полска, како и Димитровград во Бугарија.Најмалку загадени држави се Шведска, Финска, Исланд, Естонија и Норвешка.