19 Мај, 2024
0.0273

МАКЕДОНИЈА: Се намалува населението, на крај ќе нема кој да работи!

Објавено во: Економија 30 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Квартален пад на активното население се регистрира веќе четири тромесечија по ред. „Во првите три месеци понудата на работна сила се намали за 1,4%, што претставува натамошно продлабочување на негативната годишна динамика присутна во претходните три квартали", пишува во последниот извештај на НБМ. Во првите три месеци од минатата година вкупното активно население изнесуваше 959.388 лица. Од јануари до март годинава таа бројка падна на 945.821 лице. Постојаното намалување на бројот на невработени луѓе доведе до тоа невработеноста од 38 отсто во 2006 година сега да биде 24,5 отсто. Експертите сметаат дека намалување на невработеноста главно се должи на два неекономски фактори. Првиот е иселувањето, особено иселувањето на младите лица, а вториот е што се регистрираа диво вработените. Третиот фактор е економски и се должи на отворените инвестиции во слободните економски зони. Еден од факторите кои имаат рефлексија на состојбата со намалување на невработеноста е токму одливот на работоспособно население во странство. “Сметам дека одливот на работоспособно население има удел врз вкупната состојба на пазарот со работна сила, а со тоа и врз стапката на работоспособно население, која е основа за пресметка на вработеноста и невработеноста. Имено доколку стапката на работоспособно население се намалува, тогаш се намалува и основата за пресметка за вредностите за невработеноста и вработеноста“, рече неодамна професорот Ванчо Узунов. Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ смета дека главната причина лежи во регистрирање на диво вработените, односно во намалување на стапката на сива економија. Инаку, најголем број од вработените на црно во изминатиов период ја искористија шансата за вработување преку субвенции од „Македонија вработува“. Третата причина е економска и таа се должи на странските инвестиции. Иако бројката не е голема, се зборува за околу 13 илјади луѓе, тие сепак се вработени во фабрики од каде земаат плата.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?