19 Мај, 2024
0.0281

Македонија привлекува странски инвестиции без двигатели на промоцијата!?

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Дали македонса економија ќе ги задоволи потребните резултати во промоцијата кај странските инвеститори во конкуренцијата со другите земји од Западен Балкан и без до сега најавените економски депешеа, кои вицепремиерот Кочо Анѓушев требаше да ги промовира до почетокот на јуни оваа година?

Повеќе од триесетина економски промотори во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот ангажирани од минатата власт една година повеќе не се активни. На нивно место беа најавувани поекономични депешеа кои требаше да ги претставуваат инвестициските можности во Македонија во 20-тина земји во странство, но се уште нема трага од нив иако беа најавувани дека ќе започнат со работа на почетокот на јуни.

Во моментов Агенција за странски инвестиции и промоција и без „деактивираните“ економски промотори има околу 55 вработени и се уште е „најбројна“ споредбено со ваквиот тип на агенции во Западен Балкан. Според извештајот за конкурентност на ОЕЦД во 2017 во Западен Балкан имало 28 во албанската, 32 во босанската, 18 во косовската, 5 во црногорската, 70 во српската, а 82 во македонската агенција за промоција  Македонија е единствената земја во регионот која има уште една институција поврзана со овие активности - Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, но од таму „Фактор“ не успеа да го дознае бројот на вработени. Претходната власт до 2017 имаше пет министри без ресор за привлекување странски инвестиции, додека и актуелната не е многу подобра на тоа поле и има тројца.

Првиот квартал по основ на странски инвестиции е 275 милиони долари, наспроти мината година кога целокупниот резултат од сите 12 месеци бил помалку, или поедноставно тоа е најголем износ од кој било квартал од 2007 година па досега, истакна Анѓушев.

Според најновиот извештај за 2017, што го објави
UNCTAD годинава во јуни, општо во регионот Западен Балкан се зголемени странските инвестиции во однос на 2016-та за 20 насто. Србија во 2017-напреднала за 22 насто и привлекла 2,9 милијарди долари инвестиции, но најмногу поради реинвестирана добивка и заеми помеѓу компаниите. Црна Гора го удвоила резултатот и постигнала 546 милиони долари. Во БИХ лани се зголемиле за 40 насто и од 303 милиони нараснале на 425 милиони. Во Албанија има мал пад од 2 насто, но сепак вкупниот износ е 1,1 милијарда долари, што е нивни втор најдобар резултат, благодарение на вложувањата во енергетиката, но и на кинеските инвестиции.

Соред  она што го има нотирано ОЕЦД во најновиот извештај за конкурентност во регионот, Македонија со двете агенции (АСПИИ и ДТИРЗ) има добро координирана стратегија за таргетирање на потенцијалните инвеститори и редовно ги пронаоѓаат потребните во приоритетните стопански гранки, односно во индустријата. Во тоа се успешни на географски план, но и по приоритетните сектори.  Извесен проблем може да претставува мешањето во ингеренциите на овие две независни тела од страна на Владата, или подобро кажано, вицепремиерот Кочо Анѓушев, судејќи според коментарите на одредени аналитичари во последно време.

Спорни се и стимулациите за странските произведувачи во слободните економски зони. Со 40 насто тие учествуваат во странските инвестиции, индустријата и извозот, но што ќе следува кога ќе завршат субвенциите и колку се тие воопшто исплатливи за целокупната економија.

Се вели дека во Македонија се уште има индиции на влијание во судството, што се одразува негативно на странците во нивните вложувања. Како позитивност се споменува институционализирање на арбитражата, преку која полесно се спроведуваат риватните спорови.

Се споменува и дека е добра комуникацијата на ниво на посети кај веќе воспоставените инвестиции и техничката подршка, но дека постои простор да се обезбедат повеќе информации и договори за домашни добавувачи.


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?