19 Мај, 2024
0.0293

МАКЕДОНЦИТЕ ОД ДИЈАСПОРАТА ПРОТЕСТИРАА: Кои се нивните пет барања содржани во Декларацијата?

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Поради спорот со Грција и Законот за употреба на јазици, движењето „Ние сме Македонија“, организирано од повеќе Македонски организации од дијаспората вчера одржа протест пред Македонската амбасада во Вашингтон. 

Тие сметаат дека Законот за употреба на јазици е противуставен.  Протестот траеше еден час. Македонците од Вашингтон, Мериленд, Вирџинија и Њу Џерси покажаа загриженост за најновите случувања во земјава. 

Протестот започна со интонирање на македонската химна, по што со пароли и слогани ја искажаа својата загриженост за политичките настани во Република Македонија.

На Амбасадорот на Република Македонија во САД, Васко Наумовски, му беше предадена Декларација во која се наведени 5 барања до Претседателот на Република Македонија, Владата на Република Македонија и Собранието на Република Македонија.

„Итен прекин на разговорите околу името на државата што Владата на Република Македонија ги води во тајност под покровителство на ОН, и неменување на уставното име Република Македонија, и поднесување резолуцијата во Генералното Собрание на ОН за признавање на истото.

Ставање вето од страна на Претседателот на државата на противуставниот закон за јазици, и повлекување на истиот од понатамошнен процес во Собранието на Република Македонија.

Oрганизирање попис под мониторинг на реномирана меѓународна организација на територијата на Република Македонија во период не подолг од 6 месеци од приемот на оваа декларација.

Неменување на историјата на Македонија, статусот на МПЦ – ОА и интензивирање на грижата за Македонците во соседните држави.

Доколку Владата на Република Македонија не е способна да го стори горенаведеното, тогаш повикуваме на итно самораспуштање на Собранието на Република Македонија и организирање на непосредни избори каде што и на македонските граѓани од дијаспората ќе им бидат овозможени свои претставници во новиот парламентарен состав, според принципот на пропорционалност“- се барањата што ги упати Движењето.

Следниот протест ќе се одржи задутре на 17-ти јануари, пред Обединетите Нации во Њу Јорк. Токму на тој ден медијаторот Метју Нимиц ќе има средба со преговарачите за името,  Васко Наумовски и Адамантиос Василакис.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража