19 Мај, 2024
0.0272

МАКЕДОНЦИТЕ НАВАЛИЈА ВО МАЛТА: Даваат плати, бонуси, но дали е се така сјајно?

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Голем е бројот на Македонци кои работат во Малта, а платите кои се нудат се примамливи.

Платите во хотелите се движат од 800 до 1000 евра, односно 4.5 до 5.5 евра по работен час во угостителството, но има и сектори кои се поплатени.

„Има и бранши кои се поплатени, а на секои три месеци даваат бонуси, односно четири пати годишно. Тоj бонус изнесува 120 евра, и секако дека ме мотивира да работам повеќе. Има многу млади луѓе од цел свет, има и многу Македонци. Мислам дека луѓето ја бираат Малта затоа што може да се работи без европски документи, а атрактивна е затоа што е туристичко место“ - вели девојка од внатрешноста на Македонија која веќе три месеци е на Малта.

Но, има и луѓе со поинакви мислења и искуства. Велат и таму напорно се работи, тешко се заработува, а кириите од ден на ден скокаат.

Оние кои работеле или работат на Малта раскажуваат дека газдите кои издаваат станови најдоа начин да профитираат со зголемување на кириите. Сепак, велат во Македонија економската ситуација е лоша и младите мора да бараат излез.

„Се работи многу, не е лесно, вработените бакшишот не смеат да го задржат. Тој се собира и на крај се дели на сите“ – вели наша соговорничка.

На Малта Македонците се концентрирани во неколку градови.

„Киријата ми е 120 евра, а сосе сметки ме чини 250 евра, но при тоа сместувањето го делам со уште две лица“ – потврдува девојката од внатрешноста која од скоро е во Малта.

На почеток откако луѓето решија да бараат работа на Малта, имаше и случаи кога заминуваат без никаков план, се сместуваат таму и во рок од неколку денови наоѓаат работа. Ризикуваа за да добијат работа и да заработат. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?