29 Април, 2024
0.0275

Љупчо Николовски: Директори што никој не ги знае нема да добиваат 180.000 денари плата

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Љупчо Николовски, вицепремиерот за спречување корупција, за отчетност и за човечки ресурси, на денешниот брифинг со новинарите рече дека има голем број на директори за кои никој не знае во јавнста што работат и дека добиваат плати и до 180.000 денари.

- Директори на јавни претпријатија и институции добиваат и до 180.000 денари плата, многу поголеми од самиот премиер и министрите во Владата, но тие директори никој не ги знае и тие како да работат во скриени институции, рече вицепремиерот пред медиумите.

Тој рече дека институции како АД Агро-Берза и Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти се сосема непотребни и најави дека ќе се стави лимит на службените картички на функционерите. 

- Од службените картички не смее да се вади кеш, а такви примери имало порано кога од банкомат во Кратово биле вадени и до 5.000 евра, а се купувале и костими и одела. Toa ќе се реши системски, откако ќе се направи анализа на проблемот, вели Николовски.

Вицепремиерот најави ангажирање на тројца свои советници, од кои и некои кои работат во странство и се подготвени да се откажат од големите плати само за да работат со него. рече дека тесно ќе соработува со собраниската комисија за избори и именувања која ја предводи пратеникот Костадин Костадинов, а понеделник на заеднички состаноци ќе ги координира УЈП, економскиот сектор на МВР, Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и Царинската управа.

- Има многу вработени кои членуваат во разни комисии а таму ги поставил самиот министер кој е близок со нив и при тоа министерот им одредува надоместок колку што сака. Има и директори кои зимаат директорски плати иако нивните институции не треба да постојат. Такви на пример има многу во образованието, каде што има на пример Агенција за акредитација на образовни програми и Педагошка служба, смета Николовски.

Вели дека во многу инстуции има скриени надоместоци кои треба да бидат намалени,м а во неговиот мандат ќе се бара одговорност од директорите и додека се на функција и пред да бидат назначени.

- Никој директор не е разрешен на основа на ревизија од државниот ревизор. Тие ќе доаѓаат на самите владини седници за да одговараат за нивната работа и за тоа што ќе им биде забележано. Директор од сега нема да може да биде именуван ако нема план и програма за работа, а не како до сега да поднесува само еден пасус., најави вицепремиерот.

Тој рече дека некои локални самоуправи се крајно затворени и ќе мора да даваат во иднина отчет, а најави и нови законски решенија за системско проверување на потеклото на имот на функционерите. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи