20 Мај, 2024
0.0244

Лименка Златен Даб од 0,5 литри

Објавено во: Мои пари 06 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Прилепска Пиварница деновиве на македонскиот пазар ја лансирашенајновата лименаамбалажа на Златен Даб од 0,5литри, со што го заокружува своето портфолио Златен Даб амбалажи и уште еднаш потврдува дека е модерен бренд кој ги следи потребите на своите верни љубители. Едноставно, уникатниот вкус со висок квалитет, сега доаѓа во нова лимена амбалажа која го освежува имиџот на Златен Даб, а им е посветена на сите оние кои се чувствуваат слободни, динамични, урбани и кои знаат што сакаат.

даб лименка 1

„Создавањето на лименката Златен Даб е одговор на бројните барања од нашите најверни корисници. Иако се чекаше долго на појавата на лименката, сега е вистинското време омиленото македонско пиво да го најде своето место на пазарот и да биде уште подостапно за консументите, отсега и волимена амбалажа со возбудлив и неодолив дизајн. Станавме препознатливи по врвниот квалитет на нашето пиво, но и по иновативниот пристап во градењето и развивањето на брендот, што го потврдуваме и заокружуваме со новата лименка“, изјави Александар Чатлески, бренд менаџерот на Златен Даб.

Златен Даб лименката се карактеризира со модерен и автентичен дизајн, кој е резултат на детално истражување на потребите и навиките на новата генерација која е постојано во потрага по нови, возбудливи нешта. Дизајнот ги следи трендовите во пиварската индустрија, при тоа ги задржува препознатливите бои и симболи на брендот, за да ја направи новата Златен Даб лименка уникатна уште на прв поглед. Во однос на нејзината форма и практичност,таасовршено се вклопува во рака, лесно се отвора и е подготвена да го следи својот консумент во секој чекор. Сè на сè, оваа Златен Даб лименка е тука за да понуди уживање од аспект на вкус, естетика и доживување.

даб лименка

Судејќи и по одличните реакции на социјалните мрежи, Златен Даб лименката е веќе дел од секојдневниот ритам на своите фанови, чиј број расте секој ден.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО