Лицата чиј идентитет е украден ќе бидат заштитени, вели Спасовски
Објавено во: Македонија 14 Април, 2021
Лицата чиj идентитeт е злоупотребен во аферата „Двојник“, ќе бидат заштитени, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва во „Само вистина“ на Канал 5.
„Важно е да се знае, дека нема да има толеранција за ниту еден кој е вмешан во оваа афера. Но, деталната истрага ќе покаже дали некој бил присутен тука, како се користеле македонските пасоши и се што ќе докажеме. Во овие денови се прибавуваат докази. Важно е исто така што институциите реагираа веднаш и помогнаа да се прошири и целосно да се расветли оваа афера“, истакна Спасовски.
Веќе има обвинение против 11 лица за случајот „Двојник“.