26 Април, 2024
0.0278

Либија „гори“, Русија повика на средба во ОН

Објавено во: Свет 07 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Силите на командантот Калифа Хафтар, чие упориште е на истокот на Либија, тврдат дека презеле контрола врз стратешкиот крајбрежен град Сирт. 

Ова го направиле во брза офанзива предводена со воздушен напад.

Заземањето на Сирт е важно за Хафтар, кој спроведува офанзива на главниот град Триполи од април, седиште на меѓународно признатата либиска влада.

Сирт се наоѓа во средниот дел на либискиот медитерански брег и е под контрола на владините сили откако е расчистен од трупите на ИД, по воздушни напади на САД во 2016 година. Офанзивата се случи во момент кога Турција испраќа свои трупи во Либија за помош на меѓународно признатата влада во Триполи. 

Русија повика на средба на Советот за безбедност на ОН за Либија додека Турција започна да распоредува војници во земјата за поддршка на властите во Триполи. На средбата треба да стане збор за меѓународната конференција која треба да се одржи во Либија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека распоредувањето на војската е со цел да се осигура стабилноста на либиската Влада, откако Парламентот го одобри таквиот негов чекор. Турција, која е членка на НАТО ја поддржува Владата во Триполи. 

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек