19 Мај, 2024
0.0279

Лазаров: Да не беа навивачите ова немаше да се случи

Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Кире Лазаров, капитенот на македонската ракометна репрезентација, по завршувањето на блескавиот натпревар со Германија, им се заблагодари пред се на навивачите кои допатуваа во Загреб.

„Не е клише, навистина многу ни значите. Ви благодариме што ги оставивте вашите работи и семејства да дојдете тука и да не бодрите. Без вас немаше да го постигнеме овој успех“, истакна Лазаров во фан зоната.

Тој се пошегува дека не знаел дека Јоноски бил многу добар политичар, а дека „шраубата“ на Стоилов била добра. Целата репрезентација го бодреше пикерот кој во последната минута имаше одлична шанса да постигне гол за водство на Македонија, но неговиот удар беше одбранат за што самиот рече дека го боли срцето.

Сепак, одиме напред во втората групна фаза каде Македонија е лидер на табелата со 3 бода пред Шпанија, Данска, Чешка и Германија кои имаат два бода и Германија еден. 

На 21 јануари играме против Шпанија, на 23 јануари против Чешка и групната фаза ја завршуваме на 25 јануари на мегдан со Данска. Првите две селекции од оваа група ќе играат полуфинале, па така Македонија има историска шанса за неверојатен успех на Европското превенство во ракомет кое се игра во Хрватска.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела