20 Мај, 2024
0.0245

Културата на дланка – заедно со Еуролинк Осигурување

За да можеш да ја разбереш денешницата, неминовно треба да се навратиш на минатото. Треба да почнеш од почеток за да можеш да стасаш до крајот. Треба да го осознаеш првиот чекор за да можеш да продолжиш да патуваш по патеката на мапа на културата ор

Објавено во: Мои пари 26 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Eуролинк осигурување, во рамките на платформата за Корпоративно општествени одговорности, „Еуролинк – вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура,  уметност и образование, веќе четвртта година по ред, организира бесплатна туристичка тура насловена како „Mапа на културата“.

Со реализација на овој проект, Еуролинк им овозможува на стотина граѓани на Република Македонија да дознаат повеќе за културните богатства и  археолошките локалитети во нашата држава и подигање на свеста кај пошироката јавност за сопственото културно и  археолошко историско наследство.

Туристичките прошетки, кои  се дел од проектот „Мапа на културата“, ќе се реализираат во текот на целата година, во неколку етапи, а првата дестинација е археолошкиот локалитет Хераклеја, која претставува составен дел од богатата културна историја на градот на конзулите, Битола.

Целодневната прошетка на археолошкиот локалитет Хераклеја претставува уникатна можност учесниците  да патуваат низ историјата, испишана на овие простори, создадени на овој локалитет од античко време.  Центарот на повеќе цивилизации кои ја исцртале културната мапа на човештвото, за што сведочат и богатите антиквитети откриени на овој локалитет. Приказната продолжува кон градот Битола, со посета на НУ Музеј Битола, каде што е изложена поставка од ранохристијанската уметност, средниот век, како и посета на спомен-собата на Мустафа Кемал Ататурк, па сè до Широк сокак, Безистенот, Саат кулата, откривајќи ни ги приказните  од минатото за Битола.

Сите заинтересирани граѓани, без разлика на возраста, ќе можат да се пријавуваат од  денес 26.4.2017(среда) до 3.5.2017 (среда) на следната електронска адреса: mapanakulturata@eurolink.com.mk, со испраќање генералии: име и презиме, возраст, контакт-телефон.

„Еуролинк осигурување“ ги покрива сите трошоци за организација на настанот, кој вклучува: логистика, автобуски превоз, професионален водич, билети за посета на локалитетот, подароци, како и освежување за учесниците во турата.

Еднодневната екскурзија ќе се одржи на 6.5.2017 (сабота) со поаѓање во 8.30 ч.на паркингот пред Дрво декор спроти „Холидеј ин“.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО