21 Мај, 2024
0.0308

КРИЗА ВО БИТКАТА СО КОРУПЦИЈА: Што е сработено до сега?

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Законската регулатива треба да се зајакне а институциите што треба да бидат контролори во борбата со корупција – да се одлепат од политиката. Дел од експертите сметаат дека Комисијата за спречување на корупција, која е клучна алка во борбата со корупција, не ја исполни својата улога. Меѓународните експерти  порачуваат дека овој сегмент во македонското општество минува низ  криза.

Со политиканство – нема ефекти од борбата со криминал..

Отсуство на траспарентност, премолчување во моменти кога  треба гласност, мешање на политиката, ова се само дел од сериозните забелешки што експертите ги упатија на адреса на Комисијата за спречување корупција. Дали поради неефикасната борба со криминалот треба да се формира Специјална Комисија за спречување на корупција, праша Вања Михајлова, експерт и поранешен член на ДКСК:

„Поради неефикасната борба против корупцијата и криминалот беше формирано СЈО, се поставува прашањето дали  поради истите причини требаше да се формира испецијална антокорупциска комисија Овој состав покажа дека нема капацитет, ниту желба за постапка во иницирање на случаите каде постојат сомневања за корупција, а перцепцијата на јавноста е дека се постапува селективно и под политичко влијание и не може да се очекува да се превземат ефикасни мерки за превенција. Затоа е потребно избор на нов состав со итна измена на регулативата.“ - вели Михајлова.

Дел од експертите сметаат дека Македонија има законска регулатива, но таа треба да биде зајакната за се подобри и борбата со криминалот.  Драго Кос, претседател на работната група на ОЕЦД за поткуп во меѓународни деловни односи и поранешен претседател на Антикорупциска комисија во Словенија  смета дека за  борбата против корупцијата во Македонија е во криза, а причината ја лоцира во сегашниот  Закон за борба протв корупција.

“Државната агенција за борба против корупцијата се наоѓа во криза. Тое е едноставно последица на тоа што Македонија има најстар закон од оваа област во регионот, кој е толку пати променет што ја изгубил внатрешната конзистентност. Покрај тоа, агенцијата нема овластувања кои би морала да ги има, нема независност што би морала да ја има така што треба да се менува системот, во спротивно на Македонија таа не и треба“ – порачува експертот  Коси додава:

“Решенија постојат, Македонија само ќе мора да се одлучи за тоа кое решение ќе го преземе за навистина да има објективна, независна и ефективна комисија“

Наспроти адресираните забелеши, претеседателот на Комисијата за спречување корупција вели дека таа работи трансперентно, без политички влијанија.

“Колку шпто ДКСК била трансперентна, не била никогаш. Беше споната и специјална антикорупциска и лојалност кон поранешната власт, каде ја видовте таа лојалност и со кој аргумент тоа го спомнувате? Ние имаме доследност во сите наши одлуки. Нашиот буџет е ограничен, а и намален за 15 проценти. Независноста на една институција не се мери само со делот како членовите се избрани, туку независноста е многу важна во оној дел како ќе и се дозволи да функционира и колку тоа власта и Собранието на РМ, ќе ја поддржат институцијата.  Ако немата поддршка и се нема добра волја тоа да се направи, оние надлежности што ги има самата институција не може да ги спроведе, вели Тантуровски “, изјави  Игор Тантуровски, претседател на ДКСК.

(Не) транспарентни антикорупционери ...

Актуелниот претседател на Комисијата за спречување корупција Игор Тантуровски,  беше реизбран за уште еден мандат во април годинава. Тануровски според објавените инфромации, во 2012 година се појавува како донатор на Вмро Дпмне  со 60 000 денари. При неговото именување за прв мандат, тој ја потврди информацијата, но посочи дека не гледа ништо спорно, односно дека донацијата не упатува на поврзаност со партијата.

Според оценките на експертите и анализите на медиумите, изминатите години не беше отворен ниту еден позначаен случај за корупција и криминал на функционери на власта.

Комисијата за спречување на корупција, освен што има законски надлежности и обврска да отвора случаи поврзани со корупција и судир на интреси, таа и “агрегатор“ но и контролор на имотната состојба на функционерите кои по именување,  завршување или повлекување од функција,  имаат законска обврска да достават анкетен лист за имотната состојба за да се види со колку капитал дошле а со колку капитал заминале од функцијата.

Минатиот месец од Државната комисија за спречување на корупцијата  најавија дека  ќе бидат внесени во системот и обајвени анкетните листови за имотната состојба на функционерите чиј мандат заврши и на новите именувани и назначени лица. Според проценките, треба се објават и обноват податоци за 1.670 лица, колку што има назначено и разрешено во изминатиот период.

Инаку, борбата против корупцијата беше и една од клучните забелешки  во извештајот на германскиот експерт  Прибе. Беше посочено дека  битката со корупција  треба  да  стане врвен приоритет за земјава. Во извештајот децидно беше наведено дека постојат „сериозни инциденти на политичка корупција на различни нивоа и на повеќе начини“.  Борбата со корупцијата и барањето за зајакнување на институционалниот капацитет се препораки кои се  нотирани  и во извештаите на Европската унија.

А.Д.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“