20 Мај, 2024
0.0282

Кривични пријави за раководители на Фабрика за кабли Неготино

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Седум лица од кои шест бугарски државјани, се осомничени дека намерно предизвикале стечај на неготинската фабрика за кабли и предизвикале штета од речиси 14 милиони евра. Пет раководни лица во АД ФКН и по еден сопственик на ФКН ДООЕЛ и Мега Ел ООД се сомничат дека кривичните дела ги направиле во периодот од 2007 до 2010 година.

„МВР поднесе кривична пријава против седумина осомничени раководни лица во фабриката за кабли Неготино, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена должност и овластување и намерно предизвикување на стечај и оштетување и поврастување на доверителисо што ги оштетиле доверителите и Македонија за сума од околу 850 милиони денари. Осомничените во неколку наврати постапиле спротивно на законот за трговски друштва.“ - изјави Тони Ангеловски – портпарол на МВР.

Кривична пријава е поднесена против Г.Х. (47) во својство на генерален директор на АД „ФКН“ (Фабрика за кабли Неготино), Ј.Ј. (37) во својство на претседател  на одбор на директори на АД „ФКН“, К.Ј. (41) во својство на член на одборот на директори на  АД „ФКН“,  К.М. (41) во својство на член на одборот на директори на  АД „ФКН“, сите од Република Бугарија, како и против Љ.К. (61) од Велес во својство на член на одборот на директори на  АД „ФКН“, поради постоење на основи на сомнение дека извршиле –продолжено кривично дело „злуопотреба на службената положба и овластување“, „намерно предизвикување стечај“, „оштетување или повластување на доверители“ и  „фалсификување на службена исправа“.

Кривично пријавени се и Ј.С. (41) од Република Бугарија во својство на сопственик/управител на ФКН ДООЕЛ Неготино и С.С. од Република Бугарија во својство на сопственик/управител на “Мега Ел ООД“ Софија, мнозински акционер во АД „ФКН“, сопственик и основач на ФКН ДООЕЛ Неготино, а поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „помагање во извршување на кривично дело“.

Имено, во периодот од 2007 до 2010 година, Г.Х., Ј.Ј., К.Ј., К.М. и Љ.К. во својство на службени и одговорни лица, по претходен договор, во повеќе наврати со пречекорување на својата службена положба и овластување, постапиле спротивно од Законот за трговски друштва. Во 2007 година за задолжување на друштвото во една банка донеле одлука со која е дадена согласност целокупниот движен и недвижен имот на АД „ФКН“ да се заложи во корист на банката, при што вредноста на имотот која била „спогодбено“одредена била многу помала од книговодствената. Потоа со Ј.С. и С.С. склучувале договори-зделки за пристапување кон долг, за кои знаеле дека претставуваат зделки со заинтересирана страна, а без одобрение од надлежен орган-Собрание на акционери на АД „ФКН“ Неготино.

Исто така, тие склучувале договори и за непостоечки побарувања-цесии со поврзаното друштво „ФКН“ ДООЕЛ и преку договор за деловна техничка соработка ги отстапиле сите договори, лиценци и сертификати за производство. Покрај ова, го издавале и имотот под закуп на финансиски поврзаното друштво „ФКН“ ДООЕЛ, а со цел за прикривање на вистинската намера за пренос на целокупниот движен и недвижен имот на поврзаното лице „ФКН“ ДООЕЛ. Првите пет пријавени, спротивно од Законот за стечај, во услови кога друштвото е несолвентно и сметката е блокирана повеќе од 45 дена, со банката склучувале договори за пристапување кон долг, како и кон фиктивни договори за цесии во кои внесувале невистинити податоци, го пренасочувале целокупното работење на АД „ФКН“ преку сметката на поврзаното лице „ФКН“ ДООЕЛ, при што била извршена привидна продажба на имотот сопственост на АД „ФКН“ Неготино. На овој начин АД „ФКН“ Неготино станало трајно неспособно да ги извршува обврските кон другите доверители и со тоа извршиле оштетување на останатите доверители, акционери и на Република Македонија за износ од 847.217.663 денари.  

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража