21 Мај, 2024
0.0347

Критики за Себастијан Курц за учество на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Свет 29 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, деновиве е изложен на критики од страна на европските партии од левиот центар поради поддршката на ВМРО-ДПМНЕ на нејзиниот предизборен собир во неделата во Скопје.

Поранешниот челник на европските социјалдемократи во Европскиот парламентот, Ханес Слобода изрази жалење поради настапот на Курц, кој во рамките на својата дводневна посета на Македонија, присуствуваше на предизборниот собир на ВМРО-ДПМНЕ, каде во својот говор изјави дека Македонија е на добар пат и ѝ се заблагодари на Македонија на поддршката во справувањето со бегалската криза, пренесува Танјуг.

„Крајно време е Македонија да тргне по нов пат на основа на европските вредности. Затоа е особено за жалење што министерот Курц ги поддржа оние кои се одговорни за тешката ситуација во која се наоѓа земјата“- вели Свобода. 

Од австриското Министерство за надворешни работи во соопштението до државната новинска агенција пишуваат  дека  Курц на предизборниот собир учествувал не како шеф на дипломатијата туку како претставник на Европската народна партија (EPP), чиј член е неговата Народна партија на Австрија (OеVP), како и ВМРО-ДПМНЕ. Потсетуваат и дека и германски претставник на владејачката CDU одржа говор на собирот во Скопје.

Курц рече дека неговото учество било оправдано, затоа што и други европски претставници биле на собири и митинзи кај другите партии во Македонија.

Вели дека неговата посета во Македонија се поврзува во многу димензии, од изготвување на акционен план за наредната година до координација на приоритетите за помош на Скопје да чекори напред во евро – атлантските интеграции.


Можеби ќе ве интересира

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД АВИОНОТ ПО СТРАШНИТЕ ТУРБУЛЕНЦИИ: летот од Лондон до Сингапур се покажа кобен за едно лице (ФОТО)

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД АВИОНОТ ПО СТРАШНИТЕ ТУРБУЛЕНЦИИ: летот од Лондон до Сингапур се покажа кобен за едно лице (ФОТО)

НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБАТА НА ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВАЧКА: Тој е њсвесен и комуникативен

НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБАТА НА ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВАЧКА: Тој е њсвесен и комуникативен

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТ СИНЏИР ЗА ХРАНА ВО САД: Продаваа јастози за оние со помали џебови, на крајот пропадна

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТ СИНЏИР ЗА ХРАНА ВО САД: Продаваа јастози за оние со помали џебови, на крајот пропадна

ПРСТ КОН МАКРОН: Французите се единствените западни сојузници кои го поддржаа барањето на Хаг за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху

ПРСТ КОН МАКРОН: Французите се единствените западни сојузници кои го поддржаа барањето на Хаг за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

ЕВЕ ШТО КАЖА НЕТАНЈАХУ ЗА НАЛОГОТ ЗА АПСЕЊЕ: „Нема да ме спречи“

ЕВЕ ШТО КАЖА НЕТАНЈАХУ ЗА НАЛОГОТ ЗА АПСЕЊЕ: „Нема да ме спречи“

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)