20 Мај, 2024
0.0247

КРЕИРАЊЕ НА МЛАДИ ЛИДЕРИ ПРЕТПРИЕМАЧ ВЕРУВАЈ ВО СЕБЕ

Објавено во: Мои пари 24 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Здружението за развој на претприемништвото и туризмот Концепт плус – Скопје ја организираше конференцијата „Креирање на млади лидери претприемачи“ во рамките на глобалниот настан LEAP summit 2017. На конференцијата панелисти беа Зоран Витанов консултант, Зоран Настески сопственик на компанијата Inception и Нико Карас сопственик на компанијата Lets, додека модератор беше Синиша Пекевски.

Главна порака на конференцијата беше дека младите мора да веруваат во себе и да немаат страв да започнат да работат и основаат сопствена компанија. Предизвиците кои се јавуваат е само поголем мотив да работат и да ги остварат своите цели.

LEAP summit година 3 дневна конференцијата, на која ќе учествуваат повеќе од 2.000 млади претприемачи, студенти, млади професионалци, лидери во НВО сектор и лица кои прават промени во општеството и кои се лидери во нивните заедници. Главниот фокус на конференцијата се теми поврзани со иновации, технологија и модерни технологии, претприемништво, развој на кариера и стории за менување на живот во позитивна смисла. LEAP се залага за учење, вклучување, делување и прогрес. Самитот е совршена комбинација на формални и неформални настани. Формална програма се состои од серија дебати, панел сесии, работилници и интерактивна дискусија. Неформалната програмата доведува да учесниците ја збогатат својата мрежа на контакти и донесува многу интересни интерактивни сесии. Самитот LEAPима за цел да ги зближува луѓето од целиот свет на едно место да учат заедно и со цел да ги реши најголемите предизвици на нашето време.

Зоран Витанов – консултант: “Јас својата компанија ја основав на 19 години и нитуво еден момент не се покајав што го направив тоа, верував  в себе и во своите можности и капацитети, и поради тоа секогаш се движам напред“Нино Карас – Letz: “ Ние сме првата компанија која доби joint venture капитал и со тие средства ја основавме компанијата Lets, \што преставува  голем успех за нас. Ние не застануваме тука, од 2-ца голобради факултетлии, израснавме во компанија која брои 18 луѓе“,

Зоран Настески – Inception: “Во ниеден момент не се двоумев да започнам своја компанија, мојата верба и посветеност ме доведе до тоа да основам своја во Силиконската долина. Ако сакаме да имаме успех како држава мора континуирано да инвестираме во креативност и во нови можности, а државата да помага со мерки за стимулирање на претприемништвото“

Конференцијата е во организација на Здружението за развој на претприемништвото и туризмот во Македонија – Концепт плус. Партнер во организацијата на конференцијата е Скопски плански регион.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО