30 Април, 2024
0.0266

КОВИДОТ ОСТАВA ТРАГИ ПО МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ: По прележувањето на вирусот, многу луѓе се борат со депресија

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

По прележување на коронавирусот, многу луѓе се борат со депресија, панички напади, анксиозност.

Ова го потврдуваат психолозите и психијатрите кои советуваат засегнатите да не чекаат, туку да  побараат стручна помош. Велат дека луѓето кога ќе се заразат, се опседнати со негативни емоции, размислуваат за тешки последици по здравјето, но и за смртта. Пост ковид депресијата може да го попречи нормалното функционирање на луѓето, и да влијае на нивната концентрација  при работа. Стручните лица раскажуваат дека има многу луѓе кои самите биле заразени, но воедно имале и смртен случај во семејството како последица на вирусот.

„Луѓето се во голема неизвесност поради вирусот затоа што тоа не е обична настинка. Размислуваат за смртта, си прават морбидни сцени, размислуваат за здравите органи кои вирусот ги напаѓа и за последиците. Едноставно треба да си направат еден филтер на вести кои ќе ги примаат. Има многу видови на депресија и таа може да се третира со психотерапија и со медикаменти. Луѓето да не мислат дека само од себе ќе помине, туку потреба е терапија. Но, многу зависи и од тоа каква била психолошката состојба на луѓето претходно. Има луѓе кои се со повисока самодоверба, и кои полесно ќе се носат со таа психолошка состојба“, вели психологот Милка Ололоска.

Психијатарот Симеон Могилевски објаснува дека од пост ковид депресијата се погодени сите возрасни групи, но најчувствителни се повозрасните и жените. Според него, кај луѓето кои се на возраст над 50 години, во 80 отсто од случаите се јавуваат психички проблеми по соочување со коронавирусот. Додава дека младите полесно поминуваат, но тоа не значи дека по неколку години нема да ги почувствуваат последиците по менталното здравје. Колку брзо поединецот ќе се справи со болеста, зависи и од тоа колку долго се „измачувал“ без да побара стручна помош, дали претходно имал други стресни состојби или  не.

„Има и мажи кои бараат помош, но жените и генерално повозрасните полесно развиваат депресивна слика. Постарите во текот на живот повеќе се психички истрошени. Младите полесно се носат со тоа, тие не се толку импулсивни, некои ги прикриваат симптомите, но тоа не значи дека по 5 години нема да се соочат со психички проблеми или да се јават фобии кај нив. Третманот може да трае 4-5 месеци, а кај некои пациенти и повеќе“, рече Могилевски.

Оваа тема ја третираат и многу истражувања. Анксиозност, депресии и несоница според една британска студија на Универзитетот Оксфорд се најчестите долгорочни последици од заболување од ковид- 19.

Научниците од Центарот за биомедицинско истражување на Оксфорд открија дека секој петти пациент може да развие проблеми со менталното здравје како последица на болеста. 

Сања Атанасовска

фото freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање